Шефицата на дипломатијата во Владата на Кирил Петков Теодора Генчовска од партијата на Слави Трифонов Има Таков Народ е последната која што ја напушти владата.
Со тоа таа е четвртиот министер од партијата на Трифонов што ја си даде оставка во владата на Петков.
Од друга страна пак осумина пратеници на партијата на Слави Трифонов најавија дека ја напуштаат партијата Има Таков Народ и ќе дејствуваат како независно во бугарскиот парламент.
Ваквиот расплет на настаните во бугарскиот парламент наликува на состојбата во Македонскиот парламент кога 8 мина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се отцепија од партијата за да гласаат за уставните промени со кои се смени името на Република Македонија во 2018 и 2019 година.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Најава за историски час посветен за Гоце Делчев организиран од припадници на Македонската дијаспора
Лариса Дир: Цел на руските напади во Одеса синоќа меѓу другите беше и породилиште со мајки родилки и бебиња
Како поморскиот теснец кај Хормуз стана најзначајна геостратешка точка во светот?