БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Берово на мета на туристи од Малта кои прв пат го посетуваат брегалничкиот регион

Пренеси го гласот

Туристи од Малта деновиве престојуваа во прва посета на брегалничкиот регион и Малешевијата. Групата туристи прво го посети беровскиот регион, каде учествуваа во планинарски марш по Малешевските Планини.

Берово се поатрактивна туристичка дестинација.

Групата туристи најпрвин го посетија градот, а потоа реализираа и планинарски марш по Малешевските планини.

Како што информираше планинарскиот водич Љупчо Чучуковски, се работи за љубители на убавата природа, кои во претходен заеднички договор изразиле желба, ова лето да организираат туристичка тура во Брегалничкиот регион.

-Заедно со гостите од Малта реализиравме планинарска акција по Малешевските планини, бидејки тоа е и моја обврска како планинарски водич, а тоа е развивање на туризмот и планинарството во Пијанец и Малеш. Потоа го посетивме Берово, манастирот Св. Архангел Михаил, имавме прошетка по Беровското езеро, ја посетивме познатата месност Клепало, како и неколкуте комплекси околу езерото.

Задоволни од она што го видоа, ветија дека кога ќе се вратат дома, ќе пренесат позитивно искуство на потенцијални туристи.

Недопрената малешевска природа, беше вистинско доживување за туристите, кое те мами повторно и повторно да се вратиш на ова место.

– Водичот ни помогна да се искачиме на планините. Потоа имавме можност да пробаме од овдешната храна и навистина ни се допадна. Навистина имавме едно интересно доживување, дознавме многу информации за овој регион и ветуваме дека заедно со други гости повторно ќе дојдеме, истакна туристката Тања од Малта.

Берово е позната туристичка дестинација меѓу странските туристи. Освен туристите од Малта во неколку наврати беровскиот регион, го посетиле и организирани групи туристи од Франција и Холандија.

Креирано од:


Пренеси го гласот