Едукативниот центар за зачувување на природата во с.Негрево, Пехчево на 12 и 13 јули организира еко – манифестација за најмладите кои на несекојдневен начин и преку креативност ќе развиат позитивни еколошки навики. Отпочнувањето на манифестацијата е на 12 јули од 11.00 часот со краток воведен ден за целите на Едукативниот центар и презентација на тема 3Р (редуцирај, реупотреби, рециклирај).
Учесниците ќе имаат можност да изработуваат саксии за цвеќиња од пластична амбалажа и стари автомобилски гуми.
На 13 јули ќе се одржат две работилници, првата со почеток од
10.00 часот – изработка на табли со еколошки мотиви и украсување на стаклена
амбалажа со декупаж техника, а втората со почеток од 14.00 часот – засадување
на цвеќиња.
Дојдете и бидете дел од еко – манифестацијата за да покажеме дека има некој кој се грижи за животната средина во која живееме. – повикуваат од општина Пехчево.
Пријавување на телефонскиот број 075/ 462-592 Верица


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
26 годишен штипјанец физички ја нападнал својата девојка
Повреден 56 годишен жител од Кочани во сообраќајна несреќа подлегнал на повредите во болницата во Штип
Сообраќајка кај село Тработивиште, делчевско меѓу автомобил и мотоцикл при што пострадал мотоциклистот