И оваа година традиционално од 24 до 28 август ќе се одржи Етно Плоштад Фестивал во Берово.
Ве очекуваат спектакуларни музички настани и саем за зачувување на културното наследство. На концертната фестивалска програма учество ќе земат нашата најголема музичка звезда Каролина Гочева,Уска Кан, Јоце Панов, Штекици, Кико и Столе, Хотлајн, Ангел и Иван , КУД,,Димитар Беровски,, Оркестар на народни инструменти при ДМУЦ,,Сергеј Михајлов,, од Штип и многу други.
Во рамки на фестивалот се одржува и саемот на традиционални локални производи „Малешевијата на дланка“. Целта на саемот е да ги презентира традиционалните производи на здрава храна, вешти раце-ракотворби и сувенири и резби. Берово како и секоја година очекува голем број на посетители.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
На 12 јануари ќе се одржи јавна трибина за граѓанската иницијатива за определување локација за спомен-обележје
Ова се сите сообраќајници за чие чистење се подготвени надлежните служби во Делчево при поголеми врнежи на снег
Отстранети одрони на локални патни правци во Кочанско