БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

БЕСА се приклучува на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката влада пред избори

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска со свое соопштение генералниот секретар на Движењето БЕСА Аријанит Хоџа од име на политичкиот субјект упати повторно барање за одржување на предвремени парламентарни избори што е можно побргу поради немањето на легитимитет и капацитет за водење на државата на актуелната власт предводена од СДСМ и ДУИ.

Тој притоа во јавност го афирмира ставот на Движењето БЕСА за укинување на законските одредби за постоење на т.н. техничка влада пред избори.

“Движење БЕСА: За укинување на техничката влада, предвремени избори што поскоро

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Владата на Република Северна Македонија и сегашното мнозинство секој ден сведочат дека немаат капацитет да ги водат државните институции. Секое пролонгирање на оваа нестабилна ситуација може да има големи последици како за политичката, така и за економијата на земјата.Иницијативата за промена на законот за влада, имено укинување на техничката влада како чекор пред одржување на парламентарните избори, е многу добро насочена и ќе ја има поддршката од пратениците на Движењето БЕСА.Го реафирмираме нашиот став дека на државата ѝ требаат стабилни институции, политичка стабилност и конкретни чекори за економско закрепнување. За да се обезбеди ова, попотребно е земјата да оди на предвремени избори, затоа отстранувањето на процедурите за техничка влада е чекор за забрзување на излезот на земјата од кризата што настана, одржување на предвремените избори во рокот e штом тоа е единственото решение што ќе донесе политичка промена и ново, стабилно и јасно визионерско мнозинство за иднината на земјата, кое оваа влада и мнозинството од СДСМ-ДУИ немаат капацитет да го обезбедат.”

-соопшти Аријанит Хоџа преку социјалните мрежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace