Знаете што искрено ме заболе во известувањево на Трајан Димковски, човек кој случајно се нашол на функција заменик министер за земјоделство?
Трајанчо ги известува земјоделците дека Јавниот повик за доделување на државно земјиште под закуп се поништува, и тоа НЕ го објавува на страната на МЗШВ, не го објавува на прес конференција, лагано го премолчува, туку го објавува во Службен весник број 9 од 14.1.2022.
Али Трајанчо убаво знае дека земјоделците Не читаат службен весник, знае дека за да го прочиташ треба да се претплатиш, и тврдам дека не постои земјоделец во Македонија претплатен на Службен весник.
Трајанчо и шефот негов Љубчо, ги насамаруваат за сите пари земјоделците.
Сега останува да видиме на кој го таксаа земјиштето, кој ќе го лапне.
#ЗемјатаНаЗемјоделците
#ФабрикитеНаРаботниците


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Објава за изгубен Родовник
Ристески: Минималната плата мора да се зголемува системски, одржливо и во рамки на економските реалности
Прв заменик-претседател Беким Сали се сретна со европратеникот Матеј Тонин во Брисел