Колку често ви се случило да се возите покрај автопатиштата низ Македонија и притоа да здогледате билборд кој ја прекрива убавата глетка на пејсажот позади него? Не ретко графиките прикажани на овие билборди го одземаат вниманието и концетрацијата на возачите, па притоа се можни и несакани последици.

Во сојузната држава Калифорнија се појавија рекламни билборди кои го решаваат овој проблем. Уметничката Џенифер Боланде во рамки на проектот “Видлива оддалеченост/втор поглед” кој се имплементира како дел од отворената изложба “Статик Х” креирала рекламни билборди кои ја отсликуваат глетката на пејсажот позади нив, со што овие билборди совршено се вклопуваат во околината.

На овој начин на оригинален и ефикасен начин се пренесува пораката од самиот билборд, што е и основната цел на овој вид на маркетинг.
Како уште еден пример за вакво иновативно маркетинг претставување, претходно од страна на компанија која произведува пена за бричење на билборди била поставувана реклама која може единствено да се прочита во секвенци кои се гледаат единствено додека се возите со автомобил покрај самиот билборд.

Извор: Destination Delcevo

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?