БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Блескаме” по црнилa: Македонија втора на Балканот по број на заболени по глава на жител

Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја алармираша јавноста со последните податоци кои се однесуваат на вројот на заразени граѓани во Македонија по глава на жител.

Поразителните факти говорат дека Македонија е втора на Балканот по број на заболени граѓани со Коронавирусот по глава нја жител.

“За жал, една неповолна статистика за Македонија која е на второ место по број на заболени од корона вирусот на Балканот по број на жители:

-Хрватска 102 заразени на 1милион жители;

-Македонија 88 заразени на 1милион жители;

-Црна Гора 83 заразени на 1 милион жители;

-Грција 71 заразени на 1 милион жители;

-Албанија 51 заразен на 1 милион жители;

-БиХ 51 заразен на 1 милион жители;

-Србија 35 заразени на 1 милиони жители;

-Бугарија 32 заразени на 1 милиони жители;

-Турција 22 заразени на 1 милион жители;

12% од заразените во Македонија се лекари затоа што несоодветно се заштитени.

Поддршка за македонските лекари, сите здравствени работници и македонската полиција и армија кои се на првата линија во борбата против корона вирусот.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи секоја мерка која ќе значи повеќе заштита. Владата мора да обезбеди соодветни ресурси за заштита на овие луѓе, нашето здравство мора да обезбеди сигурност и здравствена заштита за секого, затоа што секој живот вреди!”

-соопшти Христијан Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот