БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Задолжителен карантин од 14 дена за сите повратници во Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за Внатрешни Работи на Република Македонија Наќе Чулев ја информираше јавноста за актуелните состојби околу ангажманот на полицијата во врска со обезбедување на мерките кои што превземаат во борбата против пандемијата.

Тој соопшти дека полицијата е вклучена во обезбедувањето на конвоите кои што се спроведуваат од границата на влез во државата до назначените објекти за карантин каде е задолжително сите лица кои влегуваат во државата да претстојуваат 14 денови.

Притоа Чулев апалира кон сите ангажирани службеници со максимално внимание да ги спроведуваат потребните протоколи како би се заштитиле себеси од зараза.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во продолжение го пренесуваме соопштението на Наќе Чулев по оој повод:

“Денес ги посетив полициските службеници кои ги обезбедуваат лицата кои се сместени во државниот карантин во центарот на Скопје. Карантинот во траење од 14 дена се воведува за сите македонски државјани кои од различни причини не можеле да се вратат во нашата земја. Транспортот од граничниот премин до карантинскиот објект го врши овластен превозник одреден од страна на Генералниот секретаријат на Владата, а Министерството за внатрешни работи го придржува транспортот од граничниот премин до карантинскиот објект.

Од страна на полициските службеници бев запознаен со протоколите по кои тие постапуваат со цел да осигурат непречено функционирање согласно препораките од Министерството за здравство и останатите надлежни здравствени установи. Полициските службеници се поставени на влез во хотелот и на сите катови, со цел гарантирање и одржување на редот во објектот. Апелирав до нив да водат сметка за своето здравје и за својот живот, но и целосно да бидат на располагање на граѓаните кои се сместени во карантискиот објект.

Во моментов припадниците на Министерството за внатрешни работи обезбедуваат седум објекти, а заклучно со денес во државен карантин се спроведени околу 250 лица, вратени од странски земји.”

Креирано од:


Пренеси го гласот