По примерот на свештениците од Велешкото Архиерејско намесништво, денеска и во Кавадарци беше спроведена света Божествена литија прилагодена на препораките на властите.
Свештеници од Кавадаречкото архиерејско намесништво по благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел со теренско возило денеска ги крстосуваа улиците во Кавадарци, со молитва, со кандила со темјан и со свети икони.
