БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Блокада пред Општина Битола. Време е градоначалничката да си поднесе оставка

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Наместо по улиците, автобусите денеска паркирани пред општина Битола. Битолските превозници незадоволни од најавената Одлука за начинот на организирање на бесплатниот превоз на ученици во општинските основни и средни училишта со општинскиот линиски превоз на патници и донесувањето на тарифа за измена и дополнување на Тарифата за општинскиот линиски превоз беа присутни и на седницата на Советот, при тоа останувајќи цврсто на своите ставови дека под тие услови кои им ги наметнува градоначалничката нема да продолжат да ги возат учениците, но и граѓаните на општина Битола со линискиот превоз.

Повлекувањето на одлуките не значи решавање, туку само одлагање на проблемот со бесплатниот ученички превоз, оценуваат советниците од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.

-Овој проблем заради неспособноста на Наташа Петровска веќе долго време постои, за што мината учебна година 2017/18 Петровска и уште две директорки на средни училишта добија кривични пријави, а сега повикуваме, по допрен глас кривична одговорност да понесат и Наташа Петровска и сите директори на училиштата каде не е организиран превозот на учениците, велат советниците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„На потег се надлежните институции, а за жал Битола останува со колабиран превоз и колабиран воспитно-образовен процес. Време е, Наташа Петровска вистински, овој пат, да си поднесе оставка“, бараат советниците од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата во Битолскиот совет.

Превземено од Курир.мк

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace