Градоначалникот на Општина Штип денес престојува во официјална посета на градот Копер-Словенија.
Посетата и не е толку проблематична ако се ивземат претходните изјави и политики на актуелниот градоначалник на Штип. Имено, тој и неговата партија во многу наврати зборуваше и ја обвинуваше сегашната опозиција дека непродуктивно ги троши парите на граѓаните. Неговата партија секојдневно на прес конференции изјавува колку јаделе, пиеле и трошеле народни пари претходните градоначалници додека биле на функциите. И сето ова немаше да беше спорно се до моментот додека тој не замина во Копер.
Ако се земе во предвид дека Бочварски не е ниту 1 месец градоначалник на Општина Штип, и веќе изјави дека општина Штип нема пари ниту за плати на вработените, тогаш логично се поставува прашањето, зошто е потребно патување во странство уште во првиот месец на сметка на општината? Зарем ова не е оптеретување на буџетот на општината? Зарем овие трошоци за патување, сместување и сл. не може да се пренаменат за нешто покорисно за градот? И на крај, се поставува прашањето зошто е неопходна оваа посета, како за граѓаните така и за самиот град?
Бочварски на својот фејсбук профил напиша:
-Денеска во Словенија остварив средба со Градоначалникот на Општина Копер, Борис Попович. Ме запозна со неговиот успешен модел на водење на Општината веќе 15 години. Ќе се обидеме да превземеме дел од проектите кој што ги има реализирано Градоначалникот овде.
Па и од овде се поставува ново прашање, зошто се зборува за превземање на нови проекти од странски држави кога сеуште ниту еден не е започнат да се реализира од ветените предизборни проекти на самиот Бочварски?
Конфузноста во она што предизборно се ветуваше и како сега се делува од функција на позиција можеби е веќе забележлива. Бенифитите од ваквите трошења и патувања веројатно ќе треба да ги објасни самиот градоначалник, и самиот во предизборниот период ветуваше транспарентност и отвореност за сите свои постапки. Веројатно набргу граѓаните на Штип ќе очекуваат нивниот градоначалник да ја оправда оваа посета и сето тоа да биде во духот на транспарентноста.
Само едно прашање може да биде неодговорено, дали оваа конфузност е наговестување за старите манири да се напаѓа се и сешто додека да се дојде на власт а потоа да се заборави на се што е претходно кажано. Останува да видиме како сето ова ќе се рефлектира врз граѓаните на Општина Штип.