Културно информативниот центар „Романса“ интензивно се подготвува за претстојниот „Jazz Fortnight фестивал“ кој на 21 март ќе се одржи во Македонска Каменица. Богатата културна понуда во М.Каменица, како што информира директорот на КИЦ „Романса“ Горан Огненовски почнува со театарската претстава „Умри Машки“.
-Нашата установа се подготвува за богатата културна понуда овој месец која ќе почне овој четврток со претставата „Умри Машки“ со која пред каменичката публика ќе се претстави театарот „Мирка Гинова“ од Демир Капија. Меѓу позначајните активности на културен план ќе го изводиме „Jazz Fortnight фестивалот“ кој ја стави Македонска Каменица на својата мапа, фестивал чии домаќини сме на 21 март, додека понудата ќе ја заокружиме со мелодрамата претставата Драга Јелена Сергеевна“, која е во продукција на Здружението за култура и уметност „Про Арте“ – Теактер студио
– информира Огнановски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово