БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Јас како Претседател на ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да го употребам терминот на “с” во името на Република Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во вечерашното интервју во вестите на СИТЕЛ ТВ, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прашање во врска со терминот на “с” кој што Владата на Зоран Заев го наметна во името на институциите во Република МАкедонија, одговори дека тој никогаш како Претседател на партијата нема да го спомене тој термин.

Христијан Мицкоски во денешното интервју нагласи дека Република Македонија нема да добие препорака за почеток на преговори со Европската унија, објаснувајќи дека со тоа уште еднаш ќе се потврдат неговите тврдења дека Македонија не се движи во вистинска насока.

Тој додаде дека чесно и достоинствено е да се употребува името Македонија наместо новото име кое го договори Заев а за кое граѓаните не гласаа, потенцирајќи дека тој лично, а ниту ВМРО-ДПМНЕ  нема да го употреби новото име на државата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ние ќе учествуваме во реформската агенда, ние учествуваме во рамки на институциите кои што ја користат придавката на новото име. Но, никогаш нема да се изразиме со новата придавка која што ја употребуваат владините претставници, дури и некои од владините претставници кои што ќе ја заборават, тогаш тука е суфлерот кој што ќе ги корегира. Бевме сведоци кога еден од вицепремерите го употребува нашето вистинско име Република Македонија, па беше укорен од страна на претседателот на владата.

Да, ние ќе работиме се што е во интерес на граѓаните. И ако ме прашате дали тоа е чесно и честито, да ќе кажам, затоа што тоа е морален хазард за нас, затоа што нас приоритет ни се интересите на граѓаните, па дури и ако тој интерес подразбира да гласаме закони во рамките на собранието каде што стои новата придавка, но, никогаш ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак јас како претседател нема да го споменам името,

вели Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace