Изминатата година државата спроведе кампања за бесплатно чипирање на домашните кучиња. Чипот кој се вградува содржи бројче и преку него се обезбедуваат основните податоци на миленикот со што се овозможува негово следење. Ова помага во случај на губење со што кучето може да се лоцира, да се пронајде и да му се врати на сопственикот. Оваа кампања на бесплатно чипирање завршува во април. За вградување на микро-чипот се надлежни ветеринарните служби кои е потребно на кучето што му се имплантира чипот да му дадат вакцина. Со вградувањето на чипот сопственикот на кучето добива документ за идентификација на својот миленик- пасош кој служи за доказ на сопственоста на кучето како и за евиденција на сите здравствени податоци на кучето.
Цената на чинење на оваа вакцина е 590 денари а цената на чинење на пасошот е 120 денари, додека чипот е на терет на државата.
По завршување на оваа кампања за бесплатно вградување на овие чипови за идентификација на кучињата веќе од први април надлежните комунални инспектори на терен со високи парични казни ќе ги казнуваат сопствениците кои немаат вградено чип на својот миленик.
Оваа акција се спроведува со цел за значително намалување на бројот на бездомните кучиња и мачки бидејќи при евиденција на животното, комуналниот инспекторат ќе има право да му го врати на неодговорниот сопственик.
Инаку чипирањето е целосно безболно и се поставува во пределот на плеќите. Станува збор за мал електронски уред со големина на зрно ориз. Чипот ги содржи информациите за сопственикот, расата на кучето, полот, редовна вакцинација и третирање со паразити. Паралелно се чипот има и налепница која се поставува во пасошот на миленикот.