БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Слушачка промоција на новиот албум “Се околу нас” на легендарните Флукс

Пренеси го гласот

Во недела на 7-ми април ќе се одржи слушачка промоција на новиот албум на легендарната панк-рок група Флукс.

Настанот ќе се одржи во легендарниот кафе бар “Браво” со почеток во 15.00 часот

Флукс се едни од најавтентичните и оригинални панк-рок бендови на овие простори од Балканот со исклучително големо влијание врз андерграунд културата не само во Скопје туку и пошироко.

Постојат од 1994 година и до сега имаат издадено 2 студиски албуми:

  • Флукс- “Флукс” во 2004 година и
  • Флукс- “Стааро аро” од 2010 година

Го издадоа својот прв во живо албум “Во живо на канал 103” во емисијата „Ако никој не свири“ на 14.03.2010 г.

Снимател на изданието беше Ален Хаџи – Стефанов.

Сиров микс: Ненад Трифуновски.

Реализација: Ѓорѓи Јаневски, Александар Сандревски и Горан Аргироски. 

bregalnickimarketing

Флукс на овој албум се во следниот состав:

Марко Пановски – вокал 
Недан Пановски – гитара 
Мишко Чунихин – гитара/вокал 
Влатко Чачоровски – бас 
Данко Хаџи Илиев – тапани

Третиот албум за кого е закажана слушачката промција на 7-ми апрл 2019 година е именуван ” Сè околу нас”. Албумот излегува во електронско издание и ќе биде достапен за симнување како и на ЦД.

Влез за настанот е бесплатен!

Креирано од:


Пренеси го гласот