БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

„Мајка Земја“ – скулптура на Андреј Митевски посветена на загадувањето

Пренеси го гласот

„Мајка Земја“ е новата скулптура на младиот уметник Андреј Митевски која е поставена на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Инспирација за ова дело е загадувањето, како и зачестените палења на јавни површини.

„Од една страна, скулптурата создадена со бројни централно поставени оџаци, испраќа порака за спас на Скопје како еден од најзагадените градови на светот и Македонија како една од земјите со најмногу диви депонии и ѓубришта и најзагадени реки во Европа.

Од друга страна, скулптурата симболично повикува на крик против уништувањето на планетата на сите нивоа. Самата скулптура ја претставува планетата земја а во средишниот дел е сместена стилизирана маска која има лик на природата, односно мајката земја. Средишната поставеност на маската го симболизира повлекувањето на планената кон нејзината внатрешност“

– стои во описот за скулптурата.

„Целата скулптура всушност ја покажува загриженоста за планетата и процесите кои се одвиваат на неа, а маската е симбол на тоа како полека се гаси и затвора во самата себе немоќна да го издржи притисокот на 8 милијарди луѓе кои во најголем дел работат во корист на сопствената штета“

– вели Митевски.

Креирано од:


Пренеси го гласот