Пролог:
Голем јунак во нашата народна песна е Болен Дојчин,
Дојчин, ја очекува смртта, но не може да умре додека не му се освети на црна Арапина, заради неговите страдања, но и заради страдањата на неговиот народ.
Конечен повод да стане од смртната постела е недоличното однесување на Арапинот кој ја побарал сестра му за една вечер во неговиот шатор.
Конечен повод да стане од смрната постела во препевот е недоличната одлука на министерот за здравство Венко Филипче дека лекови ќе може да подигне болниот само лично!

Болен Дојчин
– современ препев на народна песна-
Се поврна млада Ангелина,
Си отиде во рамно дворои:
„Ајти тебе брате Болен Дојчин!
Не ти бил Филипче побратим,
Не си имал здравство бесплатно,
Не дават лекој за тебе,
Ми посакаа лично да отидеш.
Мене ми апој недаваат”
Ја отвори шарена ковчега,
Па извади триста лакти платно,
Триста лакти платно бамбакерно,
Да изврзеш рани од чекање по ходници,
Да престегнеш моја половина,
Да собереш коски раскостени,
“Па подај ми моја рецепта,
Рецепта, и книшка свиткана,
Доведи ми моја брза коња.
“ Извади му млада Ангелина
Триста лакти платно бамбакерно,
Изврза му рани од анџари
Престегна му коски раскостени,
Рипна Дојчин на нога јуначка,
Па ми вјана коња некована,
Си грабна книшка и рецепта,
Право одит накај града,
Право одит на аптека,
Пиштит, викат колку глас го држит:
„Ја излези аптекарко!
Ја излези душо намачена!
Ја излези лична карта да видеш!
Та да видиш јунак од јунака!
Та апој да даеш”
Пишува: Св Архангел Командант
Идентитетот на авторот е познат на редакцијата
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Малолетно девојче физичко нападнато во Кочани
Тошковски: Велигден да ни биде поттик и инспирација да ги задржиме во себе хуманоста и добрината во борбата за егзистенција како луѓе и како нација
Претседателката и Премиерот од Македонскиот Ерусалим- вечниот Охрид ја дочекаа радосната вест за Воскресението Христово и вечниот живот