Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Лозово во јавноста излезе со своја реакција во врска презентираниот Отчет од страна на Градоначалникот на општината за сработените проекти во изминатиот период.
Бошко Цветковски го критикува “сиромашниот отчет” на Градоначалникот Велковски во кој се вклучени и проекти кои што биле во завршна фаза на реализација започнати од претходната локална власт.
Дополнително Цветковски упати повеќе прашања до градоначалникот Велковски во врска со поголем број ветени а нереализирани проекти:
Во продолжение ја пренесуваме целосната реакција на Претседателот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ упатена до јавноста:
“Лично сметав дека Општина Лозово и „ЌЕ“ градоначалникот Велковски нема да соберат храброст да дадат отчет за „сработеното” во две години мандат доверен од граѓаните, но сепак во стил на премиерот Зоран Заев, Велковски безсрамно пласираше неаргументирани лаги и факти кои немаат никаква врска со реалноста, за кои човек може слободно да се запраша дали Велковски живее во Лозово или се преселил во општината каде што живее неговото семејство во Р.Германија?
-Сиромашниот Отчет на Велковски се темелеше на неколку асфалтирани улици кои беа во завршна фаза со обезбедени средства за нивна реализација од претходната власт, покривање на дупки на оштетените улици, ситни санации на постојани објекти, поставени две пешачки патеки, новогодишни пакетчиња за деца и донирани принтери.. Прашувам каде се бомбастично најавените проекти од витално значење за Општина Лозово, зошто никој не зборуваше за тоа, зошто барем не признаат на граѓаните дека свесно ги излажаа!?
• Каде е ГАСИФИКАЦИЈАТА НА ОПШТИНА ЛОЗОВО?
• Што се случи со ПОДОБРУВАЊЕТО НА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ВО ОПШТИНА ЛОЗОВО и изградбата на филтер станица за прочистувањето на вода од системот ЗЛЕТОВИЦА?
• До каде сте со РЕНОВИРАЊЕ НА ПРИМАРНАТА И СЕКУНДАРНАТА МРЕЖА НА СИСТЕМОТ ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ ВО ЛОЗОВО која ветивте дека ќе биде завршена до крајот на 2019 година?
• Што се случи со ветената ИЗГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО С. ЌОСЕЛЕРИ која требаше да се реализира до крајот на 2019 година?
• ОДВЕДУВАЊЕТО НА АТМОСФЕРСКИТЕ ВОДИ?
• До каде е ИЗГРАДБАТА НА ПАРК ВО ЛОЗОВО?
• Зошто сеуште не е реализирано ПОВРЗУВАЊЕТО ДО СВ.НИКОЛЕ ПРЕКУ КНЕЖЈЕ – ЃУЗЕМЕЛЦИ – МИЛИНО – М5?
• Што се случи со ОПРЕМУВАЊЕТО НА ДОБРОВОЛНОТО ПРОТИВПОЖАРНО ДРУШТВО,до каде е опремата и ветеното противпожарно возило?
• До каде е ИЗГРАДБАта НА СПОРТСКА САЛА ВО ООУ „М.М.БРИЦО“, ЛОЗОВО?
• За кога и каде е планирана ИЗГРАДБАТА НА ЗЕЛЕН ПАЗАР ВО ЛОЗОВО?
• Каде е градинката која ветувавте за време на претседателските избори дека ќе започне со работа од Септември годинава?
Дали градоначалникот Велковски смета дека жителите на Лозово се со кратко помнење и не се сеќаваат што тој лично а понекогаш заедно со премиерот Заев ветуваа во предизборната кампања?
Ова се фактите околу кои треба да се размислува. Сето ова што е погоре наведено се големите и сериозни проекти кои се ветени од страна на Велковскии и до овој момент не се ни размислува за нивна реализација. Се согласувам дека вие менувате селективно по некоја сијалица и селективно закрпивте дупки на некои улици, но уште еднаш ве прашувам што е со овие ветени големи проекти? Објаснете им на граѓаните, нив ги излажавте..
СДСМ и Велковски им потрошија две години на граѓаните на Лозово на лаги, манипулации, кафански седенки и пиенки. Се што ќе остават позади нив се закани и пресметки кон неистомисленици, уцени и преместувања на работни места.
Почитувани, нивната политика е поразена, паднаа маските и народот го виде вистинското лице на СДСМ.
Господине Велковски граѓаните на Лозово очекуваа многу од вас бидејќи многу ветувавте, а ништо не реализиравте… Сакаме да ви порачаме дека помина времето кога критикувавте за претходната власт во Лозово, која за сите граѓани направи многу проекти кои вие како власт никогаш нема да ги направите! Затоа фатете се за работа, доста се возите со службеното возило како да е ваша сопственост, по приватни забави и свои потреби, времето брзо ви поминува а граѓаните го чекаат ветеното!
Ние како опозиција будно го следиме вашето работење, кое засега е празен лист хартија, и за се ќе ја известиме јавноста бидејќи таа го заслужува тоа, а на крајот граѓаните ќе го имаат последниот збор!!”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево