БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Нов земјотрес ја погоди Албанија

Пренеси го гласот

Катастрофалниот земјотрес со епицентар меѓу Тирана и Драч кој ја погоди Албанија на 26 ноември, загинаа 51 лице, а 14.000 луѓе останаа без покрив над глава.

Само што помисливме дека тлото во Албанија веќе се смирило, Албанија вчера попладне ја погоди нов земјотрес со јачина од 4,3 степени по Рихтер, јавуваат локалните медиуми. Овој земјотрес предизвикал повторно паника кај жителите на Тирана и Драч.

Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија во Подгорица јави дека земјотресот се почувствувал и во Црна Гора, Косово и во Македонија.

Епицентарот на потресот бил забележан на 18 километри од Тирана, а жариштето било лоцирано на длабочина од пет километри во близина на Валона, второто по големина пристаниште во Албанија.

Албанските медиуми пренесуваат дека потресот ги уплашил жителите на Тирана и Драч, кои во паника истрчале од домовите, стравувајќи дека ќе следи нов, посилен земјотрес.

Креирано од:


Пренеси го гласот