Сурово е минатото, денешницата, боли реалноста…
Пред точно еден век Македонецот како Бугарин, се борел против Македонецот како Србин!
Денес Македонецот како Македонец , се бори против Македонецот како Македонец!
Очите ми се како камерна претстава, сивило ми блика , низ карирана светлина. Ме гуши бурната и мудра младост, ме притиска… ако одслужам , да ми дари мирна, спокојна старост. Жарот на Македонецот не смее да изветрее, загубата и пустошот што би останал би ја згрутчил среќата по која ќе мечтаеме. Коренот е нешто најсвето и најдлабоко за секоја индивидуа, за него се бори, за него се жртвува, за него се умира. И смртта е чест кога животот ти имал смисла.
Големите планови и тајни ги јадат “големите” односно мали ништожни луѓе, оти се алчни креации а таквите планови како споулавени глувци избиваат на виделина. Избиени се, се плашат од погледот на вистинскиот Македонец, а проклетниците како проклетници, ги плашат наводните глувци да се скријат и молчат повторно, оти премногу разбеснети мачки шетаат по улиците.
Сите бранови одат накај брегот, само бранот Македонија го туркаат накај дното , а мирисот и сомнежот се кучки, кои ем лаат ем касаат. Нулата има 9 пријатели, мудро и сплотено чекори одма до нив, оти ако е сама е ништо, а кога е сплотена секогаш доминира.
Дојде времето од кое најмногу се плашевме, но сега стравот го нема оти сме спремни да ги победиме сите злобни сетила. Браќата Македонци како рана и лузна, раната се исцели, лузнато се појави, па го однема и него и останува кожата како свила.
Браќа и сестри, не постои ограда која може да не загради. Македонија ни е најмилото, оти тука најближното ни чекори, а одот мора да му е безбеден. Како песна која пече, како текст кој плаче. Со отворени очи сонувам, за генот мој, за името мое и за се твое. Оти лажната припадност корен не дава, оние што животот го дале за Македонија немаат веќе граници, но ние и тоа како имаме.
Ја повикувам свеста на граѓанинот, да го увиди пустошот кој се води од страна на ‘македонци’ кои на сила, и не аргументирано ни го допираат најсветото. Нема сомнеж во моите одлуки. Точно знам во што не се колебам. Се е возможно, се ни е на дофат на рацете, само да ги подадеме, да не се откажеме , да не се измориме, да не се предадеме.
Македонија ќе живее и векови после нас, а ние ќе се гордееме на борбата и отпорот кој сме го пружиле за сонцето над оваа земја.
Пишува: Кирчо Анастасов
Делчево, 26.06.2018 година
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кому му пречи соработката меѓу демохристијански народни влади во Европа?
Продолжуваме да живееме во славно срамно сиромашно (три-С) време…
Предлог мерка за заживување на земјоделието: Државата да додели 1200 хектари на пратениците и сите субвенции за да произведат храна за народот