БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Средба на Мицкоски и Николоски со германската амбасадорка: Нема да поддржиме уставни измени под бугарски диктат

Пренеси го гласот

Претедателот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ на средба со германсата амбасадорка во Скопје Петра Дрекслер уште еднаш го афирмирале ставот дека пратениците во парламентот на опозицијата нема да ги поддржжат уставните измени предложени од власта за кои што велат дека се дефинирани под бугарски диктат. Притоа врвот на опозициската партија истакнале дека власта свесно го кржи деловникот за работа на собранието со тоа што Талат Џафери ја прекина седницата во петокот во услови кога имаше кворум за работа на собранието при што требаше да се гласа за потребата за отварање на уставот.

“Денеска заедно со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски остваривме средба со Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер во Република Македонија.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и евроинтегративниот процес на земјата.

Ја информиравме амбасадорката Дрекслер за актуелните политички состојби во државата и дека власта свесно го крши Деловникот за работа на Собранието со тоа што не ги става уставните измени на гласање, бидејќи нема двотретинско мнозинство, а тоа се потврди како што рече тој и на собраниската седница, кога по завршување наместо да се стави точката на гласање, истата се прекина.

Уште еднаш го афирмиравме ставот на партијата дека нема да поддржиме уставни измени под бугарски диктат и посочивме дека билатералните прашања не смеат да се услов за почеток на преговорите со ЕУ. Она кое што е потребно за исполнување на патот кон ЕУ се Копенхашките критериуми, кои подразбираат владеење на право, воспоставување на правна држава, борба со криминалот и корупцијата, како и почитување на човековите права и демократија.”

bregalnickimarketing

-напиша во врска со средбата потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на социјалните мрежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот