БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пратеникот Илија Николовски од владеачкото мнозинство со навреда на жена пратеник

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратеникот Илија Николовски од владеачката коалиција избран од третата изборна единица преку социјалните мрежи упати навреда за неговата колешка пратеничката Гордана Силјановска Давкова од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тој на објава на тито Беличанец во коментар на фејсбук напишал:

“Дамата е тотално забегана. Надвор од времето и просторот”. Ваквите навреди на пратеник од редовите на владеачката коалиција предводена од СДСМ водат само кон дополнителна поларизација на и така зовриената политичка состојба- која што им одговара на владеачките партии да се одржат уште некој ден повеќе во нивните удобни фотељи во владата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ваквата пракса ја осуди претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска која на социјалните мрежи напиша:

‼️ Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, најостро ги осудувам навредите од страна на пратеникот Илија Николовски упатени кон мојата колешка, Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова

⚠️ Навредите кон жена се израз на очај и немоќ. Однесувањето на Николовски е срамно и недолично, а особено за човек кој е народен избраник. За жал, немајќи контра-аргументи на говорот на проф. Силјановска, тој одлучи да ја одбрани власта на најпримитивниот начин, водејќи се од тоа дека нападот е најдобра одбрана.

❗Крајно време е да ставиме крај на навредите, мизогинијата и сексизмот, упатени кон жените во политиката!

📢 Го повикувам Ilija Nikolovski да се извини, а пратеничките од СДС и г-ѓа Јованка Тренчевска да се одважат и да го осудат овој срамен чин на пратеникот кој е дел од владејачкото мнозинство!”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace