Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Бредли Купер и Ирина Шајк официјално се разделија

Пренеси го гласот

Бредли Купер имаше екстра година со успехот на неговиот блокбастер филм “А ѕвездата е родена”. Но, и покрај приливот на внимание на животот на актерот , режисерот и  продуцентот, тој сепак успеа да остане релативно тесно поврзан во неговата врска со моделот Ирина Шајк.

Април 2015: Купер и Шајк за првпат беа забележани како новата двојка, на претставата “Finding Neverland” на Бродвеј. Во тоа време, еден извор изјави  дека тоа е “пријателски однос – засега”.

Неколку дена подоцна, тие присуствуваа на вечерата на дописниците од Белата куќа во Вашингтон, но наводно, “ги чуваа сите очигледни флертувања на минимум”.

И Купер и Шајк пред да бидат заедно, беа во долгорочни односи со бившите партнери. Во јануари Шајк се раздели со нејзиното момче од пет години, фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо, откако гласини за неверството на Роналдо станаа јавни, а  Купер ги заврши своите двегодишни односи со актерката Суки Ватерхаус во март.

Јуни 2015: Во јуни, парот го направи своето во Бакингемска палата каде присуствуваа на вечера за добротворната фондација “Принцот од Велс”, чиј домаќин беше принцот Чарлс. Според Us Weekly, Купер и Шајк беа малку збунети околу начинот како се користи приборот за време на оброкот, но тоа не ги спречи да уживаат во вечерта заедно. Еден извор во тоа време изјави: “Ирина е паметна и зрела. Тие имаат одлична врска. Бредли има потреба од девојка која може да продолжи со него. “

После бројните шпекулации, стаса и официјалната потврда: Бредли Купер (44) и Ирина Шајк (33) се разделија. Информацијата ја пласираше магазинот „Пипл“, од каде велат дека двојката после четири години заедништво одлучила да се раздели, но дека ќе дадат сè од себе ништо да не ѝ недостасува на нивната ќерка Леа Де Сајн.

bregalnickimarketing

За сега уште не се познати причините поради кои двојката се разделува, но гласините започнаа по филмот на Бредли и Лејди Гага, како и озборувањата дека тие се во емотивна врска.

„Работите станаа тешки уште пред филмот, но посветеноста негова на филмот ги направи работите дома уште потешки. Дополнителните и константни гласини за врската со Лејди Гага, во момент кога работите дома не се добри, не помагаа. Но, не е Лејди Гага проблемот. Тие имаат проблеми и како родители и како професионалнци и постојано се расправаа. Нивните расправии беа толку чести што размислуваа да се разделат дури и за време на екот на филмот. Сепак, одлучија да го одложат, за да не се оттргне вниманието од филмот. Тие се обидоа да ги решат работите, затоа и се уште ова не го нарекуваат разделба, но работите не изгледаат добро“, вели  извор за „Перес Хилтон“.

Ирина се иселила од куќата што ја делеа со Бредли Купер, а притоа е фотографирана без свршеничкиот прстен на раката.

Креирано од:


Пренеси го гласот