БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бронзен медал за Андреас Трајковски на Балканијадата во Истанбул!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Скопје 07.03.2022

На 27-та Балканијада, која викендов се оддржа во Истанбул, нашиот репрезентативец Андреас Трајковски на своето деби за македонската репрезентација го освои бронзениот медал во дисциплината скок во далечина.

Уште пред почетокот на Балканијадата, тој изјави дека ќе се обиде да постигне што подобар резултат и со освоениот медал и резултат во Истанбул, – ветеното стана реалност.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Трајковски до бронзениот медал дојде со резултат од 7 метри и 62 сантиметри, којшто го постигна во втората серија од натпреварувањето, што е за 3 сантиметри пократко од македонскиот рекорд, кој е во негова сопственост и го постави на отвореното првенство во Скиве, Данска на 27.02.2022 година.

Сребрениот медал го освои Хрватот Марко Чеко со скок од 7 метри и 71 сантиметар, додека со злато се закити Измир Смајлај од Албанија со скок од 7 метри и 79 сантиметри.

Со овој резултат Трајковски покажа дека се наоѓа во одлична форма и дека ќе продолжи во иста насока и на следните негови натпреварувања оваа сезона.

Видеото од скокот на Андреас Трајковски со кој се закити со бронзен медал е достапно во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace