Ставен е крај на долгогодишните проблеми со постоечкото ѓубре за жителите во општина Карбинци. Дали оваа слика ќе одолее на негрижата на поединци склони кон фрлање на ѓубре на несоодветни места низ општината?
Поголема површина во Карбинци деновиве беше целосно исчистена од страна на надлежните служби во рамки на програмските ветувања на градоначалникот Виктор Паунов. Оваа до неодамна дива депонија ќе прерасне во припитомена хортикултурно уредена површина со што жителите нема повеќе да бидат сведоци на неубавите слики од минатото.
Градоначалникот Паунов апелира во јавност на повисока граѓанска свест и грижа за животната средина од сите граѓани и добронамерници кои гравитираат во овој пејсажно преубав предел, чии што грди слики од минатото треба таму и да останат.
“Едно од клучните мои ветувања пред жителите на Карбинци се реализира за само една година.
Депонијата која беше голем проблем за околното население во село Карбинци денес е комплетно исчистена и трајно затворена! Здравата и чиста животна средина е еден од нашите приоритети и за во иднина.
Овој простор дополнително за краток период ќе биде и хортикултурно уреден.
Апелирам и до населението во Карбинци, да се почитуваат препораките за забрането фрлање на отпад и заеднички да успееме кон зачувување на животната средина. “
-информираше градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Европска недела на мобилност – дебата за сообраќајните предизвици во Кочани
Програма за 33. Издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024
Одржана традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ во Кочани