Сите надлежни институции почнувајки од КИЦ Романса, Општинската администрација со градоначалникот на Македонска Каменица како и сите локални институции се ставени во функција не само на линија за развој на културата во општината туку и содржинска понуда која предничи со квалитет пред многу други општини не само во Брегалничкиот регион.
Во континуитет наназад луѓето кои што работат на развој и афирмација на културата во Македонска Каменица, забележуваат постојани успеси, што се пресликува низ посетеноста и инволвирањето на граѓаните во самите културни настани кои што се реализираат на локално ниво во текот на цела календарска година.
Како најповикана институција која што е локомотива на севкупниот културен развој во Македонска Каменица е Културно- информативниот центар Романса кој што со својот менаџмент и вработени лица претставува најдобар пример во денешни рамки на кој начин треба да се работи и продуцираат резултати на полето на културата во едни пошироки рамки на регионално ниво.
Позитивниот пример на КИЦ Романса со големиот број (не е многу ако се каже) спектакуларни и атрактивни културни настани за граѓаните на Македонска Каменица во изминатиот период е сам за себе за почит и лекција која што многумина културни работници во јавниот сектор во целиот регион треба посветено да ја препрочитаат неколку пати. Тимот кој што стои зад ваквиот позитивен пример си ја знае работата, и делува професионално врз принципи на одржливост со понуда на квалитет.
Додека културата во Македонска Каменица има достоен системски третман од институциите на локално ниво, културата во околните општини е сведена на инцидентна појава како резултат на индивидуални напори и ангажман на поединци со нивниот ентузијазам кои се обидуваат да внесат зрак светлина во културната темнина која го има покриено поширокиот регион.
Културата во повеќето општини во регионот е сведена на еден поголем настан, додека во текот на годината стагнира културната понуда за граѓаните до мера на непрепознатливост од страна на публиката.
Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево како опозициска политичка сила упатија своја еакција на недостигот на квалитетна културна понуда во Делчево, што треба да се свати како најдобронамерна критика за покренување на еден поорганизиран системски одговор на квалитетна културна понуда на институциите.
Во Делчево постои квалитетен просторен и човечки капацитет за организација на настани на годишно ниво на еден поорганизиран, потранспарентен начин што во минатото во поедини периоди беше правено од надлежните институции. Денешниот впечаток во споредба со некои минати времиња е дека културата во Делчево доживува во најмала рака импровизирање со дејноста која треба да биде ветер во грб ан сите останати општествени дејности и процеси во општината.
“Вака посветено се работи за развојот на културата во Македонска Каменица.
Предлагаме гратис билети да бидат дадени на одговорните лица во НУЦК “Н.Ј. ВАПЦАРОВ” Делчево под чија ингеренција е кино салата во нашиот град и сите задолжени за развојот на културата во Општина Делчево.
Многу важно е да напомнеме дека, по серијата инвестиции во киното во Делчево до 2017 година во време кога ВМРО-ДПМНЕ во институциите на системот работеше за развојот на културата, СДС не знае што да прави со институциите во кои нивните функционери земаат дебели плати од парите на граѓаните.
Затоа културата во Делчево е мисловна именка и филозофска непознаница за актуелните власти.
Со падот на власта на СДС и ДУИ ќе започне реставрација на културата како во Македонија така и во Делчево.
ВМРО-ДПМНЕ има тим, знаење и намера да ги врати културните вредности на многу повисоко ниво од денешното дно.”
-стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево упатено до јавност.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видео: Спроведена акција за чистење и уредување на речните водотеци во центарот на село Град, делчевско
Пристигна градежната оператива на Македонија пат во Делчево, ќе се санира клучен проблем кој го засега цел град
Иван Гоцевски: Само во Делчево, градоначалникот ги дели пожарникарите на “ваши и наши”