Вработените во одделот за паркови и зеленило во Јавното Претпријатие Камена Река од Македонска Каменица се на терен со активности за уредување на јавните површини. Со голема посветеност и многу љубов која се забележува од делата на нивната работа вработените на јавното претпријатие во континуитет се грижат за убавиот изглед на својот град на сите јавни површини.
Ваквата постојана работа е резултат на добриот менаџмент во фирмата, на што вработените целосно ја манифестираат својата креативност која не останува незабележана од граѓаните.
“Работниците започнаа со кроење и уредување на крошните од дрвјата во центарот на градот. Утрово беа уредени зимзелените садници во училишниот двор од СОУ Миле Јаневски Џингар.
Пролетното уредување на дрворедите во градот е дел од редовните активности на Јавното претпријатие Камена Река за хортикултурно и пејзажно разубавување на Македонска Каменица.”
-информираа од ЈП “Камена Река” од Македонска Каменица за јавноста


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сања Пановска е дел од “Најдоброто на Делчево”. Градоначалникот Гоцевски рече дека таа е инспирација за сите млади луѓе кои сакаат да бидат научници
Најава за презентација на активности од проектот „Вештини – клучот на зелената економија“ во Кочани
Започна регистрацијата за обуката „AI4HerWellbeing“ – спој на вештачка интелигенција и благосостојба за жени во Кочани