Нашата Советничка група поднесе Предлог/Барање за санирање т.с опесочување и проширување на патот кој што води до Мренковска маала во с.Ветрен.
Врз основа на нашите обврски и овластувања како Советничка група кон жителите на Општина Делчево и согласно програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општински патишта и улици во Општина Делчево за 2023 година од Градоначалник на Општина Делчево бараме санирање т.с опесочување и проширување на патот кој што води до Мренковска маала во с.Ветрен.
Опесочувањето се бара поради лошата патна инфракструра која привремно е решение за граѓаните кои живеат во горе споменатите места во с. Ветрен и секојдневно имаат потешкоти во извршување на секојдневните активности и обврски.
Отежнато е движењето посебно во лоши временски услови на дожд. Во овој дел од селото жители секојдневно одат на работа кон Делчево, дечиња на училиште и е единствен пат за прибирање на храна за добитокот.
За одбележување е фактот дека по овој пат движење на противпожарно возило и возило на ИМП е речиси невозможно.
Бараме во краток временски рок да се направи санирање на побараниот дел во селото затоа што истите тие жители уредно си ѓи имаат подмирено давачките кон Општина Делчево а и незмисливо е во 21 век граѓаните да газат кал за да стигнат во своите домови.”

-реакција на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во советот на општина Делчево упатена во јавноста.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Влатко Јефтимов и Мирче Павлов прогласени за најуспешни пожарникари во Кочани за минатата година
Потпишан договорот за поврзување на Виница со Пречистителната станица за отпадни води во Мојанци
Санација и реконструкција на оштетени шахти на коловозите во Кочани