Градоначалникот на општина Виница Миле Петков денеска го потпиша договорот за соработка со ветеринарна станица од Виница за системско решавање на проблемот со уличните кучиња.
Станува збор за договор кој што подразбира заловување, сместување, чување, вакцинација и кастрација на бездомните кучиња кои што се присутни на јавни површини во општината.
“Денес го потпишавме договорот за набавка на услуги за Заловување и стручен третман на бездомни и нерегистрирани кучиња на територијата на општина Виница за временски период од 1 година. Услугата ќе ја извршува “Ветеринарна станица” ДООЕЛ Виница.
Оваа година општината ги зголеми финансиските средства што се издојуват за решавање на проблемите со бездомните и нерегистрираните кучиња на територија на општина Виница. Според договорот сите заловени кучиња ќе бидат сместени во стандардизирано прифатилиште и третирани со вакцинација и кастрација.
Секој граѓанин може да пријави појава на кучиња скитници, каснување и напад од куче, како и пријава за мачење и злоупотреба на кучиња на тел. 071/588-882 секој работен ден од понеделник до петок (08.00-16.00 часот).
-информираше градоначалникот на општина Виница Миле Петков за јавноста.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи