Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Центарот на с. Разловци, делчевско изгледа како место за зимски олимписки спортови, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во име на жителите на селото Разловци ја прозва локалната власт предводена од Градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски во врскка со проблемите со кои се соочува оваа зима селото и самите жители.

Станува збор за проблеми со водоводната мрежа која што поради дефект истекува на централната улица во селото поголема количина на вода, која наместо за пиење за жителите завршува на улиците. Поради минусните температури ваквата вода се претвора во лед што дополнително претставува безбедносен ризик за пешаците и сообраќајот.

Исто така од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат и во врска со проблемите кои што жителите на Разловци ги имаат со пристапниот пат до селото за кого подолго време бараат да биде реконструиран, но безуспешни се нивните апели до надлежнте институции.

Целата реакција упатена во јавноста од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево ја пренесуваме во продолжение

“И по неколку дневни реакции кон градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски и директорот на ЈКП”Брегалница” Делчево Стојче Стојковски од страна на жителите на с.Разловци, центарот на селото изгледа како место за зимски олимписки спортови‼️

Имено како што реагираат жителите од селото, поради дефект на водоводната мрежа и непоправањето на истиот, делови на селото се оставени и без вода за пиење а водата која истекува има формирано дебел мраз по улиците кој што пак е сериозна опасност за движење на населението по истите‼️

⚠️ Ова не е прв пат жителите на делчевските села да бидат заборавени од погоре споменатите функционери на СДСМ Делчево.

bregalnickimarketing

За тоа колку с.Разловци е заборавено од СДСМ зборуваат многуте вакви ситуации со кои сами се справуваат жителите на селото.

🫵 Зборува и веќе ЗАТВОРЕНАТА детска градинка и СОСТОЈБАТА(целиот патен правец е комплетно руиниран) во која се наоѓа РЕГИОНАЛЕН ПАТ кој што води до селото.

СДСМ час поскоро треба да си замине од власт за конечно решавање на проблемите на жителите на Општина Делчево‼️

-стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот