За првпат на локални избори ке се вкрстат копјата на владеачката на централно ниво-СДСМ, и ВМРО ДПМНЕ со кандидати од исто населено место, во случајов село Спанчево. Како претставник и кандидат од СДСМ веке неколку пати се обидува да седне во градоначалничката фотеља Горанчо Крстев- Грга, локален бизнисмен. Додека од ВМРО ДПМНЕ Горанчо Зашов-поранешен директор на водостопанство ,,Брегалница” и познавач на економско-политичките прилики во овие населени места.
Кампањата е започната, така што и двајцата кандидати ги посетуваат граганите за да се запознаат подобро со нивните проблеми и маки, всушност скоро огромен дел оризопроизводители. За да биде сликата појасна треба да знаеме дека и двајцата се претставници на земјоделски семејства кои го работат оризот како главна култура за егзистенција. Со таа разлика што првиот кандидат е сопственик на фабрика за луштење ориз а воедно и откупува арпа од граганите на оваа општина и пошироко. Како најзапознаен со цената на оризот, која е повеке од ниска а беше ветено од влаеачката СДСМ дека со самото доаѓање ке има солидна цена од 25 ден. оризова арпа-како и обично ништо од сето тоа.
За кандидатот од ВМРО ДПМНЕ знаеме дека е почитуван во околината и нема дамки во своето политичко портфолио.
Сега останува само да ги ислушаме ветувањата и сами да просудиме на кого да веруваме.
Сепак во овој случај ке победи почесниот !



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово
Во болницата во Кочани ќе се вршат мамографски прегледи за пациентките од Штип и регионот