БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Честитка на Христијан Мицкоски по повод католички Велигден

Пренеси го гласот

Денеска се празнува спасението, кога Бог му подари на човека неискажливо ослободување од секаква тага и несреќа. Народот не залудно го нарекува Велигден, денот кога животот ја победува смртта.

Посакувам овој ден и овој празник за католичките верници, да им донесе мир и благосостојба во своите семејства. Да се радуваат, затоа што доброто секогаш триумфира, а правдата ја победува неправдата. Во вакви времиња на предизвици, искушенија и несигурност им посакувам на верниците спокој и внатрешна радост, да се помолат за сите души и страдалници коишто бараат помош од Бога. Како што Бог ја победи смртта, така нека ни даде храброст да ги победиме сите тешкотии и да ја почувствуваме убавината на животот. Бог нека не води да ги победиме сите премрежија и оваа зараза која го демне човештвото. Заедно обединети и истрајни ќе победиме.

Посакувам здравје за болните, воедно во моите мисли се и докторите, здравствените работници и сите оние кои се во првата линија во борбата против заразната пандемија. Но, исто така не можам, а да не ги споменам и оние кои за жал ги чувствуваат директно економските последици од кризата и останаа без работа. Посакувам побрзо застанување на нозе и економска стабилизација и сигурност.

Сите што го празнуват Велигден, да го почувствувате и да го живеете воскресението на животот во своите домови и овој голем празник, Велигден да го празнуваме довека сложни, здрави и среќни.

Христос воскресна! Навистина воскресна! Честит празник и за многу години!

https://www.facebook.com/829371753904952/posts/1521534288022025/

Креирано од:


Пренеси го гласот