Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип реагираа во јавност во врска со состојбата со вработените во кожарско- текстилната индустрија во Штип.
Во текот на викендот и покрај полицискиот час и ограничувањата за движење на граѓаните наметнати од страна на владата, поголем број работници во оваа индустрија работеа во погоните каде на помал простор се наоѓаат голем број на вработени.
Дополнително како дополнителен проблем на оваа ситуација е и службениот превоз на работниците во оваа индустрија кој се врши со комбиња каде повторно на мал простор се наоѓаат поголем број ан луѓе.
За овие прашања се говири во прес конференцијата на Христина Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ:
“Почитувани сограѓани,
ВМРО ДПМНЕ веќе неколку пати предупредува на потребата од почитување на мерките за заштита од епидемијата и воведување на посебни протоколи за работа во текстилно-кожарскиот сектор, но попусто.
И покрај воведените радикални мерки како аларм за влошената состојба, текстилните работници продолжуваат да функционираат надвор од сите ограничувања.
Сакаме да предупредиме дека носењето на кондратикторни мерки во време на вонредна состојба може да биде контрапродуктивно и исходот од тоа да го платиме сите заеднички со здравје, економија и целосен колапс на системот.
Она што на Македонија во моментот и треба е совршена рамнотежа помеѓу мерките за заштита на здравјето и оние за спас на економијата, како и дисциплина во почитувањето на истите.
Во време на препорака за забрана за возење на повеќе од 3 лица во возило, никој не прашува како, зошто и до кога ќе продолжи групниот превозот на текстилните работници во автобуси без минимум социјална дистанца!
Во време на забрана за движење и викенд – полициски час, имаме издадени дозволи за работа на текстилните фабрики!
Да, економијата мора да се спаси. Зачувување на работните места е важно. Но дали ваквите процеси некој ги контролира?
➖Дали соодветни служби воопшто излегле на терен и провериле колку се почитуваат потребните протоколи за работа кои го гарантираат здравјето на овие работници, а со тоа и на сите нас?
➖Дали е пружена соодветна логистичка помош за безбеден превоз на работниците?
➖Дали со издадената дозвола за работа не се нарушува ефектото од мерката 24 часовен викенд полициски час?
➖Чија ќе биде одговорноста доколку една од овие фабрики прерасне во жариште на епидемија?
Почитувани,
Во време на криза нема наши и ваши.
Не може да постојат повеќе и помалку привилегирани.
Здравјето не може да бида привилегија, а непочитувањето на правилата од еден да ги загрозува сите останати.
Заедно сме во ова, и заеднички треба да се избориме!!
Со почит,
Центар за комуникации на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип.”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево