Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Ана Љубиќ: За Мајката, Кумановка….

Пренеси го гласот

Кога мислите дека ви е тешко , дека сте го допреле дното, се затворате  во себе  и не  се  поместувате од мртвата точка… помислете си што е и колку вреди  еден наш здив, еден наш живот, едно наше трпнување… Кажете благодарам и бидите среќни со тоа што го имате…

Највредните  работи немаат цена… Тоа е животот, и не ќе може да  вратите во рикверц , нешто да прескокнете, но научете да одите право  и бидете благодарни што сте будни, живи и здрави…

Здравјето нема цена, сочувајте го! Нема да го најдете во бутик, маркет, пазар,  и ниту милиони нема да можат да ви го овозможат… Знаете денеска што ни се случи ?Сите плачеме…

Плачеме за еден млад згаснат живот, за едно чкорче кое згасна, но во нас распламна… но истовремено за еден нов живот, за едно бебе кое не ја почувствува топлината на МАЈКА СИ… 

Бебе кое не го вкуси мајчиното млеко, бебе кое не ја помириса својата хероина која го донесе на овој свет, во оваа бура.. оваа бебе нема да може да ги види нејзините убави очи, не ќе може со своите прстиња да ја гали по долгата мека коса. 

Оваа Бебе кому ќе каже МАМО?  Кој ќе му ја потполни празнината, со кого ќе го преброди стравот, ќе чекори, кој ќе го топли и прегрнува?-Оваа ли држава која се распаѓа, која секојдневно закопува, оваа ли држава во која животот згаснува?Кој на оваа дете , момче, ќе му надокнади се што е една МАЈКА…

Сепак МАЈКА СИ Е МАЈКА,  и не постои заменка за неа.. Оваа мало , невино бебенце нема да го слушне милозвучниот нејзин глас, и песни приспивни… Но ќе се изнаслуша за државата, системот , што се се случувало кога тој се родил…… Да, се бореа до нејзин последен здив…..И здивот веќе го нема….

Бакнувајте ги мајките, децата, татковците , за лека ноќ, добро утро и добар ден.. бидејќи не можеме да бидеме сигурни веќе во НИШТО…Така било пишано… Да не се лажеме , судбината некогаш ни е во туѓи раце. Животот навистина е краткометражен филм.

И ВЕ МОЛАМ, ВЕ МОЛАМ  ЗДОДЕВНОСТА ДА ЈА ЗАМЕНИТЕ СО КОРИСНИ НЕШТА ВО ДОМОТ!

bregalnickimarketing

Значи СЕДИ ДОМА ! 

До кога вака??? Да не дозволиме да губиме.

Јас верувам дека ќе ја добиеме војната покрај загубената битка…Не плачете што некој ви го урнал сонот… изградете реалност, живејте во реалноста, а некој, некој замина во длабок сон, и побегна од овој кошмар во кој сме сега..Сите ние сме сега таа мајка и тоа бебе. Не урлајте се ќе помине, ама тој живот, таа ангел мајка, нема да се врати во својот дом, нема да ги прегрне своите деца, своите најмили, нема да готви и проветрува, нема да се кикоти, нема да ја запее омилената песна, нема да го разнесе омилениот парфем во собата… нема да е тука на родендени, крштевки, слави и разни пролсави, нема да присурвува на првиот училишен ден и се по ред, но ќе гледа од побезбедно место , и како вистинска МАЈКА  ќе ги штити и чува своите. 

Еден цвет прерано овена, еден цвет  не ја дочека вистинската пролет, еден цвет се раздели од пчелките, од ливадата зелена , ширна… една мајка се раздели од своето чедо…

Но нема да биде заборавена . Таа ќе е во срцата, во мислите, во спомените…таа ќе е ветер кој  ќе ги турка најблиските да одат понатаму. Тоа бебе ќе биде гордо момче, тој не е виновникот. А оној кој го пушти здивот да замине во далечина, ќе го носи товарот.  

Бидете храбри, погледнете во сонцето, сонцето е таа, бидете храбри погледнете во небото, тоа се нејзините очи, бидете храбри погледнете го, помирисајте го нејзиното омилено цвеќе, таа е… бидете храбри погледнете во планината, тоа е нејзината душа… бидете храбри погледнете во водите, таа е и нејзината насмевка, погледнете во пламенот, таа е , не згаснала, нема да згасне…

Креирано од:


Пренеси го гласот