Денеска на прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ раагираа во јавност поради негрижата на градските власти во Скопје во однос на депонирањето на комуналниот смет.
Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ го обвини Петре Шилегов дека ги труе скопјани со смет, на начин што самите градски власти го фрлаат сметот на дива депонија.
Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на лице место на Ирена Попова:
“Додека цело Скопје се справува со заразна пандемија, Шилегов го труе градот со смет, кој градот го фрла на дивата депонија зад мене. Овде смет оставаат возилата на градската комунална хигиена.
Наместо да се грижи за сметот, градот Скопје прави смет.
Фотографиите кои ги објавивме во текот на вчерашниот ден, а и во секојдневието, покажуваат дека оваа дива депонија е преполна со луѓе кои собираат железо и друг отпаден материјал, а и присуство на мали дечиња, што преставува потресна глетка и тажна реалност за градот Скопје. Шилегов создава еколошка бомба со фрлањето смет на дивата депонија со која го загрозува здравјето на илјадници Скопјани.
Поважен му е пи-арот од решавањето на проблемите. Шилегов сака да се молчи за овој проблем и вистинските проблеми ги става под тепих. Но тој е должен да одговори како дозволил возила на комунална хигиена да оставаат смет сред Скопје на дива депонија. Наместо да чисти депонии, Шилегов создава депонии. Наместо враќање на сјајот на Скопје, Шилегов ги враќа депониите. Има ли Инспекторат за заштита на животната средина во оваа држава? Го повикуваме и заспаното Министерство за животна средина да реагира. Надлежните институции кривично да го гонат градот Скопје кој создава дива депонија и ги труе Скопјани. Наместо асфалт, Шилегов на Скопјани им испорачува тони отпад.
Наместо за време на полицискиот час да го собере ѓубрето, Шилегов создава дива депонија на Вардариште.
Наместо секојдневно фотографирање и позирање, Шилегов да ги засука ракавите и веднаш да нареди запирање и чистење на оваа еколошка бомба која тој самиот ја создаде.
СКОПЈЕ СЕ ДАВИ И ТОНЕ ВО СМЕТ.”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Секој студент ќе добие ваучер од 15.300,00 денари за купување на компјутер. Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа закон
Обвинение против две лица за спречување новинарска екипа да известува
Перински: Македонија и Унгарија ја продлабочуваат соработката во два клучни сегменти, регионален развој и локална самоуправа