БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ина Василевска: “Kупон логиката” на Нина Ангелова, вртоглаво ја носи Република Македонија во бездна

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Блескавите резултати на „врвната економска стратегија“ и „купон логиката“ на министерката за финансии, Нина Ангелова, вртоглаво ја носат Република Македонија во бездна. Доживеавме да посведочиме, чедата на глобализмот и најголемите протежеа на истиот, денес да ни говорат за деглобализација, додека нивните високи функционери, синоними на либерализмот и слободната пазарна економија, да станат истурена коњаница на транзициските кланови, во теоријата познато како кронизам. Оваа меѓусебна зависност на СДС и моќните транзициски тајкуни станува се поочигледна во време кога е најпотребен секој атом за зачувување на последното кое не го доупропастија т.е. надежта дека ќе го преживееме ова мрачно поглавје, без да умреме од глад, оставени на улица. Министерката заедно со целиот тим на СДС покажа дека не работи во интерес на македонските граѓани, туку исклучиво го создава и го одржува теренот за субвенционирање и „инсајдерска поддршка“ на строго определена група на луѓе кои го носат белегот на бесрамно алчната македонска транзиција. Ова е срамно и говори за тесните врски на оваа групација на луѓе со криминалот и тешките повреди на општествено-економскиот систем, кои се главната причина за бавниот развој на Република Македонија и за егзодусот на младите.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace