БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Честитка по повод 23 Октомври од градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, свежо цвеќе положија делегации од Општина Кочани, Советот на Општината, Сојузот на борците од НОВ, како и партиски делегации.

По повод државниот празник, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов упати честитка до граѓаните, во која стои:

-Овој ден е историски ден, ден достоен за почит кон великаните на македонската револуционерна борба, кон сите борци за слободна и самостојна независна држава. На овој ден се потсетуваме на пожртвуваноста на нашите претци за слобода и независност. Нивната пожртвуваност тогаш е нашата слобода денес. Да се почитуваме меѓусебе и да се стремиме кон уште подобра иднина за новите генерации. Нека е вековит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба – се вели во честитката од градоначалникот Љупчо Папазов.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace