БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општина Лозово гордо чекори во нови успеси на меѓународно поле

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Изминатите неколку денови делегација предводена од градоначалникот на туската општина Туртуглу претстојваше во официјална посета на општината Лозово.

Посетата беше искористена за воспоставување на солитни темели за идна богата соработка меѓу двете оптини на повеќе полиња од меѓусебен интерес за реализација на заеднички проекти.

Оваа посета на општината Лозово од страна на високата локална делегација од Турција не е случајно туку е дел од интензивните напори на градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски за афирмација на својата општина на меѓународен план но уште повеќе дел од неговите програмски определби за реализација на големи и убави проекти во функција на подобрување на животниот стандард на граѓаните на Лозово.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Оваа активност на меѓународен план доаѓа по објавената соработка со локалната заедница од француската општина Сеинт Дидие со градоначалникот на Лозово, каде исто така оптимистички е најавена плодотворна соработка меѓу двете оптини и заедници.

⭕️Споделувајќи ја заедничката желба за меѓурегионална економска соработка, меѓународен мир и добробит, со стремеж кон општо разбирање во своите земји и народи, заради подобрување на нивниот живот во заедницата, развивање на културните, пријателските и економските врски, соработката и обичаите, ми претставува особена чест и задоволство како градоначалник на Општина Лозово, да ве известам дека во изминатиот период, бевме домаќини на посетата на делегација предводена од градоначалникот на општина Тургутлу, Турција, Г-дин Четин Акин..

✅Општина Лозово, полека но сигурно бележи драстична разлика од своето постоење кога станува збор за меѓународна соработка и збратимување со европски и светски градови, а ова е доказ дека Лозово ќе биде отворено за соработка со цел промоција на сето она што го поседуваме како квалитет, а истовремено и зајакнување на стандардот на сите граѓани со значителен економски развој.

✅Како Градоначалник сакам да искажам голема благодарност за интересот и желбата за соработка на општината Тургутлу, Градоначалникот Четин Акин и претставниците на Советот кои со едногласна одлука се заложија за продлабочување на соработката со цел да ги зајакнеме нашите односи како збратимени општини што во иднина би било од заеднички интерес на нашите граѓани.

⭕️На овој начин, меѓународната соработка покрај културната соработка ќе се фокусира на зајакнување на можностите и реализација на конкретни проекти со збратимените градови.

⭕️Од особена важност е реализацијата на проекти во областа на:

✅Локалниот економски развој и инвестиционите програми, посебно остварување на бизнис соработки;

✅Зајакнувањето на капацитетите во контекст на подобрување на услугите на граѓаните преку размена на позитивни искуства;

✅Заштитата на животната средина и природата;

✅Алтернативни форми на туризам;

✅Обновливи извори на енергија;

✅Урбанистичко планирање;

✅Образование;

✅Спорт и култура.

⚠️Генералната цел е да се продлабочи меѓународната соработка преку реализација на конкретни активности и проекти во рамките на евроинтегративните процеси.

⭕️Конкретни цели:

👉 Реализација на заеднички активности и проекти;

👉Зајакнување на капацитетите преку размена на искуства;

👉Можности за туристичка и економска промоција на Општина Лозово

👉Активна Меѓубародна соработка,

👉Промоција на индустриската зона со цел привлекување на странски инвеститори и овозможување на сигурен пласман на домашните земјоделски производи на пазарот.

п.с.Не застануваме тука,продолжуваме понатаму‼️

🫶🫶🫶Ветивме ПРОМЕНИ…СПРОВЕДУВАМЕ ПРОМЕНИ…Нека е АИРЛИЈА🇲🇰🇹🇷s”

-информираше градоначалникот Бошко Цветковски во врска со оваа соработка во јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace