БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Честитка по повод Божиќ на Градоначалникот на Лозово Бошко Цветковски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Дозволете ми од мое лично име и од име на Советот на Општина Лозово, на сите православни христијани од Република Македонија и дијаспората, да Ви го

честитам големиот христијански празник – Божиќ.

Овој светол и величествен празник со сета своја големина и духовност не потсетува на вредностите на кои не учи христијанството, на Божјите дела и човекољубието кои преставуваат сечовечка универзална придобивка и вредност.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Имајќи го Бог при себе, имаме вера и имаме надеж…

Имајќи го Бог со себе, имаме поткрепа во сите тешки моменти да истраеме и во сите радосни моменти да имаме со кого да ги споделиме и на кого да се заблагодариме. ..

Божиќ е празник на љубовта, на надежта и семејните вредности…

Тоа е празник на радоста и достоинството.

Токму затоа, како што налага верата и како што тоа го правеле нашите предци години и години претходно, да ги отвориме широко нашите порти за светлината која доаѓа на овој прекрасен празник.

Да бидеме покорни верници и да правиме добри дела…

Да си ги сакаме нашите најблиски, нашето семејство, нашите пријатели, нашата Македонија…

Да се почитуваме еден со друг и заедно да работиме за добробит на нашата општина…

Со Господ напред и вечна благодарност за неговата милост, во радост да го прославиме Христовото раѓање.

Ви пожелувам добро здравје, успех во работата и благосостојба…

Нека има мир и љубов во нашите срца!

Нека е честит големиот христијански празник !

ХРИСТОС СЕ РОДИ !

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace