На седница на владата предводена од Димитар Ковачевски биле доделени 200 милиони денари за општина Липково за изградба на канализациона мрежа.
Веста на социјалните мрежи ја соопшти лично првиот заменик премиер Артан Груби.
“На денешната седница на Владата одлучивме на општина Липково да и префрлиме средства во износ од 200 милиони денари од Буџетот за 2022 година за целосно завршување на проектот на водоводната мрежа на нејзина територија.
Продолжуваме да ја материјализираме поддршката за општините со цел реализација на локалните проекти за подобар квалитет на животoт.”
-напиша тој на фејсбук.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција