Денеска во Штип градоначалникот Иван Јорданов на скромен и пригоден настан го пушти во употреба новото спортско игралиште во рамки на гимназијата Јане Сандански.
Општината под раководство на Јорданов инвестира сериозни сретства во равојот и унапредувањето на образованието и спортот во Штип во изминатата прва година од неговиот мандат.
Во изминатиот период покрај овој нов спортски терен кој што ќе служи во наставниот процес а средношколците како и рекреација и спорт на граѓаните, општина Штип инвестираше и во реконструкција на самата уилишн зграда на СОУ Јане Сандански во Штип.
“Наш приоритет е да обезбедиме соодветни услови за образование и рекреација за сите ученици на територијата на Општина Штип!
Затоа, денес го отворивме новото спортско игралиште во склоп на СОУ Јане Сандански, а со буџетски средства извршивме и реконструкција на училишната ограда.
Со домаќинско работење успеваме да ги задоволиме потребите на сите целни групи во нашиот град!”
-информираше Градоначалникот Јорданов во врска со реализацијата на овое активности.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Европска недела на мобилност – дебата за сообраќајните предизвици во Кочани
Програма за 33. Издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024
Одржана традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ во Кочани