Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

ВМРО-ДПМНЕ Делчево побара зголемување на износот на стипендии за студенти од дефицитарни струки, СДСМ истото го одби

Пренеси го гласот

Од општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево во јавноста упатија свој реакција во врска со одбивањето на советниците од СДСМ на барањето поднесено од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на износот на стипендии за студенти кои студираат на дефицитарни струки.

🗣На 15та седница на Совет на Општина Делчево, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија предложи низа на промени во интерес на студентите од нашата општина за критериумите на доделување и износите на стипендиите кои што ѓи добиваат од Општина Делчево❗️

🎯 Имено, во Предлог-Одлука за доделување на стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во Република Македонија со која се доделуваат 6 (шест) стипендии на редовни студенти од Делчево кои студираат на државните универзитети во Република Македонија т.с на редовни студенти во сите студиски години освен I (прва), со континуиран успех над 8.00, студенти чии родители се невработени, со ниски месечни примања или пак социјални случаи и е со износ на месечната стипендија од 2000 денари/студент и студентите истата ја добиваат месечно за период од 9 (девет) месеци во текот на студиската 2022/2023 година, а средствата ќе се издвојуваат од Буџетот на Општина Делчево за 2023 година, по што нашата советничка група истакна дека особено дефицитните кадри треба да добијат покачување на износот на стипендиите на 3000 денари‼️

⚠️ Средствата за ова наше барање да се обезбедаат од ставката за репрезентација во Програмата Е0 Општинска администрација од Буџетот на Општина Делчево‼️

👉 Имено, нашата Советничка група смета дека досегашниот износ што го добиваат нашите студенти е многу мал и делува демотивирачки во споредба со државните стипендии и истиот треба да биде зголемен.

📢 Зголемувањето е битно од причина што нашите студенти го заслужуваат и истовремено на нивните родители ќе им помогне за справување со секојдневните поскапувања на цените кои Ни се случуваат❗️

❌ Ваквото конструктивно барање беше одбиено од мнозинството на СДСМ‼️

Доброто образование е алка за успех на студентите од Општина Делчево‼️

✅ И покрај СЕ, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија ќе продолжи да дава конструктивни предлози кои што се во интерес на нашите ученици‼️

-стои во текстот на реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМЕ Делчево упатена до јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com