Ако сте љубители на бананата и ванилата , овој десерт е правиот избор за вас.
Потребни состојки:
– 200 грама сомелен интегрален кекс
– 30 грама шеќер
– 60 грама растопен маргарин
– 80 грама шеќер
– 40 грама брашно
– 1 прстофат сол
– 500 милилитри млеко
– 3 изматени жолчки
– 1,5 лажички екстракт од ванила
– 500 грама крем сирење на собна температура
– 4 исечени банани
– Рерната се загрева на 250 степени.
Во голем сад се меша кексот и 30 грама шеќер. Се додава маргаринот и повторно се промешува. Смесата се става во калап за торта и убаво се притиска.
Се пече околу 7 минути, односно додека не добие боја, а потоа оставете добро да се излади. За пудингот од ванила во големо тенџере се меша 80 грама шеќер, брашно и прстофат сол.
Се меша и млекото со жолчките и постепено се додаваат во тенџерето. Се готви на тивок оган додека смесата не стане густа. Откако ќе се тргне тенџерето од оган се додава екстрактот од ванила. Добро измешајте го крем сирењето, па додајте го во пудингот и добро промешајте уште еднаш.
На испечената подлога наредете од исечените банани, па прелијте со пудингот. Повторувајте додека не ја потрошите целата смеса. Горниот слој нека биде пудинг.
Ставете го чизкејкот фрижидер и оставете го неколку часа да се излади.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
КИЦ СКОПЈЕ РАСПИША KОНКУРС ЗА ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ
Предупредување од пет зборови што сопругот ѝ го упатил на сопругата додека таа го снимала како пука во неа откако дознал за нејзината афера