БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Членови на ВМРО-ДПМНЕ ОК Берово во еколошка акција за чистење на ридот Јуовец во Берово

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денес по повод Светскиот ден на животната средина членови и активисти на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Берово реализираа еколошка акција за прибирање на пластични отпадоци во непосредна близина на Берово кај месноста на ридот Јуовец.

Во акцијата им се придружи и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Димовски кој по овој повод упати своја порака во јавноста:

“Денес, 5-ти Јуни, е и светски ден на животната средина. Заедно со претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Берово Никола Атанасов и членови на #УМС на ВМРО ДПМНЕ Берово, реализиравме акција за чистење од пластични отпадоци на најубавото место за прошетки во непосредна близина на градот – ридот Јуовец.
И, додека едни не ја чувствуваат државата за своја, ја загадуваат, фрлаат отпадоци и ѓубре, и не им е мила, како да е туѓа, како да се на поминување тука, други покажуваат несебична грижа и љубов кон Македонија, кон секое парче природа, кон секое место, кон се што е Македонско. #НеСмеИсти!
Јуовец, како што ветив пред две недели, овој пат го исчистивме од остатоци од пластични шишиња, лименки од пијалоци и најлонски ленти, кои очигледно подолго време стојат таму, оставени од несовесни граѓани, а нерасчистени од неспособна локална самоуправа. Мал гест на почит кон Македонија, кон Берово, но со силна порака – Сакајте ја и чувајте ја Македонија, оти таа ни е се што имаме!
Срамота е за тие што го уништуваат местото, но и за оние кои не го чуваат и одржуваат. И градоначалникот на Берово е исто толку неспособен и некадарен како неговата партија СДС. И очигледно не се замара со зачувување на природата во Берово, бидејќи и тој е само на поминување тука, како што се на поминување СДС хуните низ Македонија. Разрушено и пеплосано оставаат секаде каде што ќе стапнат.
#МакедонијаВечна
#НикогашСеверна
#СамоМакедонија
#ВМРО“

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот