Чуден народ…
Нема водач а сите водат!
Еден да падне, многумина со гордост се стројуваат да го завземат неговото место за и тие ако треба да паднат!
И така верига до бескрај.
Вечен од’ на горостаси браќа и стамени сестри, со челичен поглед во очи и браздесто чело од видовишта.
Земјата трепери со секој чекор.
Горди синови и ќерки на Македонија!
Родила оваа мајка страдалница, челад да ја прегрнуваат со својот последен здив…
За век и веков, додека сонцето грее и небото свети…
Македонија ВЕЧНА!
Народот ќе живее и победува!
Пишува: Кирчо Анастасов

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Последниот пишувач на љубовни писма
Алекс Букарски: Последното сонце на михољско лето
Алекс Букарски: Час