Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес премиерно ја изведе претставата „Црвенкапа“ адаптирана од Сашо Димоски и во режија на Деан Дамјановски.
Се работи за современа адаптација на добропознатата сказна за Црвенкапа и лошиот волк и е наменета за деца и младинци. Покрај комичниот и забавен елемент, претставата е и едукативна, споредувајќи ги безбедноста на градот наспроти опасностите на шумата, ја нагласува и презафатеноста на родителите и преокупираноста на децата со мобилните телефони, а укажува и на потребата да се консумира здрава храна.
Во ликот на Црвенкапа настапи Славица Манаскова, а другите улоги од познатата приказна ги играа: Васил Зафирчев; Кети Борисовска; Весна Димитрова-Бобевски и Самоил Стојановски.
Сценограф е Филип Коруновски, костимограф Катерина Чукниева, а автор на музиката – Сашко Костов. Следната изведба на претставата е на 21 март.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!