БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ – „Во овој луд свет најважно е да се остане жив!“

Пренеси го гласот

Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на Gitar Art Festivala во Белград, премиерно претставиле фрагменти од долго очекуваниот албум „Крушево 2“, како продолжување на еден од најдобрите гитарски проекти од овие простори.

Соработката помеѓу Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ започнала уште во 1998. година кога го реализирале албумот „Крушево“ кој зазема култен статус кај сите љубители на гитарскиот звук.

-Заедно со Мирослав Тадиќ се наоѓаме на почетокот на настанувањето на новиот албум чиј работен наслов е ’Крушево 2’. Ние не сме сигурни како тој албум ќе се вика бидејќи уште не знаеме каде ќе го снимаме. Таа музика јас и Мирослав синоќа првпат ја свиревме во јавен настап така што и за нас претставуваше радост но и инструментален предизвик. Луѓето кои внимаваат на звукот и квалитетот на музиката многу го ценат нашиот албум ’Крушево’ и поради тоа ние продолжуваме да го работиме полека со непрекинато творечко преиспитување

– изјавил Стефановски за белградските медиуми.

Нашиот светски познат гитарист додал декa

Најважно е да се остане жив во овој луд свет,

и дека културното наследство па со самото тоа и музиката на Балканот е големо богатство на кое мораме да бидеме многу горди. Раскошот на балканската музика одамна ја запознав, а ако во светски рамки некој не знае за неа тогаш тоа е негов едукативен пропуст.

-Мојот син се заинтересира за тапани и многу бргу учи и напредува. Денес толку многу е достапно на интернет.

Знаењето е на изволте и младите го користат тоа. Ние ги успорувавме плочите за да совладаме некое соло на гитара…

Денес е поинаку. Има многу млади луѓе кои наскоро ќе бидат врвни музичари и ќе успеат да ја одбегнат естрадизацијата на нашите животи која владее во целиот свет

– заврши Стефановски.

Креирано од:


Пренеси го гласот