БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Цуцуловски: Маркс или Бакуњин

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Маркс и Бакуњин биле добри пријатели, истомисленци. Но, се разишле. Сепак, останало нешто што ги поврзувало. И обајцата сметале дека постоењето на политиката и државата, од една страна и слободата, од друга, се неспоиви. Таму каде што постои држава, не постои слобода; таму каде што постои слобода, не постои држава. Затоа, Бакуњин сметал дека треба веднаш да се укинат. Маркс сметал дека тоа треба да биде процес во кој и обете ќе одумираат. Додека трае тој процес, на власт ќе бидат обични граѓани, избрани од народот. Бакуњин во тоа не верувал, сметајќи дека некогашните граѓани, штом ќе бидат избрани, ќе прекинат да бидат тоа и ќе станат политичари. Притоа, додавал дека и најобичниот човек, штом ќе биде избран, ќе стане полош и од рускиот цар, тврдејќи дека тој што не верува во тоа, тој не ја знае човековата природа.

Маркс или Бакуњин? – прашањето е сега. Секој нека одлучи по свое. Но, без кавги! – молам.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace