Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Цветан Трипуновски: Денешната посета на Љупчо Николовски и Димитар Ковачевски е уште еден неуспешен обид за манипулација на тутунарите

Пренеси го гласот

“Денешната посета на Љупчо Николовски Путерот и Димитар Ковачевски Таче е гол популизам и само уште еден неуспешен обид да ги изманипулираат тутунарите.

Тутунопроизводството е пред целосен колапс, тутунарите едвај преживуваат и со овие мизерни цени со кои се фалат треба да знаете дека Македонија е земја со највисока инфлација од 20 проценти во Европа, и ако претходно со продажба на еден килограм тутун можеше да се купат 10 лебови, сега едвај се купуваат 5, што значи дека парите немаат вредност.

Единствено со што може да се пофалат таму помеѓу тутунарите Таче, Ковачевски и директорот на Тутунски комбинат Прилеп Станкоски се високите плати кои ги земаат од граѓаните, додека тутунарите мака мачат и со ниските откупни цени и со продажба на тутунот.

Но, избегани се од реалноста. Не се свесни за мака на тутунарите, со нивните огромни плати од неколку стотици илјади евра кои ги инкасираат од институциите, имаат доволно за да живеат во луксузот.

Или пак можеби разговарале за доделување на по 80.000 евра на 29 партиски послушници како помош за набавка на модерна опрема за тутун. Како и според кои критериуми овие лица земаа државна помош?

Дополнително, дека состојбата со тутунопроизводството е алармантна, говори и фактот што претходно се откупуваше 28 милиони килограми тутун, а сега откако СДС е власт се откупуваат 17 милиони килограми тутун, или во превод за цели 40 проценти отпаднал откупот на тутун.

Би сакал да им порачам и на Путерот и на Таче, ако сте сигурни во сето ова кое го зборувате, ајде да избори па да одлучат земјоделците, инаку се друго е само лош пи-ар, кој ве води во пропаст.

Ниту тутунарите, ниту пак граѓаните не можете да ги изманипулирате. Свесни се дека поради вашата неспособност, државата тоне, а земјоделството е пред целосен колапс.

Но доаѓаат промените и одговорноста.

Секој кој што заработил на грбот на земјоделците, ќе одговара!”

-реакација на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ во врска со денешната посета на Прилеп од страна на Љупчо Николовски и Димитар Ковачевски.

Креирано од:


Пренеси го гласот